03.09.2011 - Facebook лајк
Иако METAL.MK има свое копче за лајк (со цел да се знаат корисниците на кои им се допаѓаат работите), поставивме и стандардно Facebook лајк копче. Целта е подобра интеграција на сајтот со социјалните мрежи и побрзо ширење на новостите од сајтот.
15.02.2011 - Он-лајн разговори на METAL.MK
Поради повеќе барања на наши членови, но и поради технички напредок на нашиот сајт, поставени се он-лајн
разговори (chat). Он-лајн разговорите треба да овозможат уште поголемо дружење на нашите членови:
„конечно имаме он-лајн разговори само од метал фанови“. (он-лајн разговорите привремено се оневозможени)
03.02.2011 - Една година METAL.MK
Почитувани членови,
помина една убава година од почетокот на работата на METAL.MK.
Идејата која беше тогаш, и се уште е,
е да направиме мекедонски сајт преку кој ќе споделуваме МЕТАЛ. Судејќи според објавите на сајтот,
коментарите, посетите, таа цел ја постигнавме. METAL.MK е на вистинскиот пат. Ние ќе продолжиме
со овој проект и ќе вложиме уште повеќе сајтот да го направиме подобар. Учествувајте во тоа и вие,
рекламирајте го сајтот, објавувајте, посетувајте не и секогаш кога имате критика или предлог дадете го.
03.01.2011 - Внесени се податоци за „сите“ бендови
Внесени се податоци за скоро сите (над 1600) бендови на METAL.MK. Иако процесот на внесувањето на бендови и албуми се одвива непрекинато,
беше направена акција за докомплетирање на податоците кај голем број на бендови: внесување на слика, веб сајт, жанрови, година на формирање, локација и сл.
Може и вие да допринесете со дополнување на податоците тука.
07.12.2010 - Зголемен е бројот на песни во џубоксот
Поставени се над 200 песни од македонски бендови во Џубоксот. Во страниците на бендовите напишани се песните кои се поставени во џубоксот и кои може да се слушнат.
30.11.2010 - Поставени се анкети
На сајтот се поставени анкети. Сите членови на METAL.MK ќе може да гласаат во тековната анкета и со тоа да го искажат нивниот став во однос на некое прашање.
22.11.2010 - METAL.MK на нов веб сервер
По скоро една година работа, откако заживеаа функционалностите на сајтот, METAL.MK е поставен на нов веб сервер, кој е побрз, постабилен и посигурен.
17.10.2010 - Последни новости од светските сајтови
METAL.MK започна да ги презема во живо последните новости од познатите метал сајтови. Поради природата на услугата, овие новости ќе бидат прикажувани со нивните наслови на англиски јазик.
29.08.2010 - METAL.MK отворен за сите
На METAL.MK ќе може да пристапуваат и ненајавени посетители, кои ќе може да ги гледаат содржините. Најавените корисници
ќе имаат пристап и до други страни од сајтот, можност за коментари, како и да објавуваат на сајтот.
05.06.2010 - METAL.MK ЅИД
METAL.MK постави нова страница ЅИД. На ѕидот ќе се гледаат последните активности, последните коментари и што последно им се допаѓа на
членовите. Освен ова, корисниците ќе имаат можност да пишуваат коментари на ѕидот.
Во почетната фаза на ѕидот, коментари ќе може да пишуваат корисници со ранг 3+ и тоа, еден коментар во еден час.
26.05.2010 - METAL.MK го доби својот 666-ти член
METAL.MK го доби својот 666-ти член: Antonie Portnoy.
11.04.2010 - METAL.MK & Facebook
Почитувани корисници,
METAL.MK направи уште еден голем исчекор во остварување на својата цел - споделување МЕТАЛ.
Отсега METAL.MK ќе биде поврзан со социјалната мрежа Facebook. Тоа подразбира дека
од Facebook ќе може да пристапите до METAL.MK, дека сите информации од METAL.MK
ќе може да ги споделите со вашите пријатели, дека сите промени на METAL.MK ќе
ги гледате на Facebook и со еден клик без логирање ќе преминете на METAL.MK без да го напуштите
Facebook. За да ја поврзете вашата сметка со нашата Facebook апликација:
1. Бидете пријатели на нашиот профил (тука).
2. Пристапете до Facebook апликацијата на METAL.MK (тука).
3. Дозволете METAL.MK да разменува информации со вас (тука).
Ви благодариме за довербата која ни ја давате и продолжете со објавување на METAL.MK.
05.04.2010 - MetalMania на METAL.MK
Емисијата MetalMania која се емитува на битолската телевизија Тера, е поставена за гледање
и на METAL.MK. Повеќе информации може да најдете ТУКА,
а емисиите може да ги погледнете ТУКА.
METAL.MK ќе продолжи да соработува и со други вакви проекти во иднина.
13.03.2010 - Внесување и измена на бенд
Поставена е можност за внесување и измена на податоците во бендовите. Секој корисник со ранг 2+ ќе може
да ја користи оваа можност на METAL.MK, а измените ќе бидат прикажани
по нивната проверка. Внесувањето и измената може да ја направите ТУКА.
07.03.2010 - Рецензии
Корисниците може да пишуваат рецензии за албумите.
28.02.2010 - Акција за внесување видеа
Започна акцијата за внесување на видеа на бендовите кои се наоѓаат на METAL.MK.
Целта е да се внесат поголем дел од официјалните видеа и видеата со висок квалитет од настапите во живо.
Во акцијата може да се вклучи секој член.
10.02.2010 - Ми се допаѓа (Like)
Отсега ќе може да поставите „Ми се допаѓа“ на сите објавувања на METAL.MK
кои ви се допаѓаат (новости, бендови, албуми...). Пробајте како функционира.
09.02.2010 - МК Џубокс
Започна да функционира Џубоксот на METAL.MK кој има за цел да ја популаризира
домашната метал музика. Во него ќе се поставуваат
песни од македонски метал бендови,
кои песните ги имаат испратено на METAL.MK
или песните ги имаат поставено на Интернет слободно за споделување.
Пуштете го тука.
07.02.2010 - Известувања на е-маил
Поставена е можност за добивање известувања на е-маил (кога ќе добиете нова порака и сл.).
Доколку сакате да ја исклучите оваа опција отидете во ПРОМЕНА НА ПОДАТОЦИТЕ.
03.02.2010 - Добредојдовте
Ви посакуваме добредојде на METAL.MK,
сајт кој треба да не обедини, сајт преку кој треба да споделиме, да научиме, да бидеме во тек со домашната и светска МЕТАЛ сцена.
Се надеваме дека бргу ќе се навикнете на нашиот нов заеднички сајт, дека ќе се чувствувате пријатно и опуштено,
дека ќе се вклучите во неговото уредување и ќе допринесете да биде подобар и побогат...
дека ќе контактираме и соработуваме.
Бидете активни, барајте зголемување на вашиот ранг, напредувајте... и откријте ги скриените содржини и сите можности на METAL.MK.
Пренесете им на вашите пријатели да ни се придружат!

03.02.2010 - Официјално е пуштен METAL.MK
По неколку месечна напорна работа, официјално е пуштен сајтот METAL.MK.
На оваа страна ќе може да ги следите сите новости и известувања поврзани со сајтот.